Градоначалникот на Москва соопшти дека мобилизацијата во градот е завршена

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин објави дека воената мобилизација за војната во Украина е завршена во регионот на руската престолнина. Собјанин рече дека „сите цели поврзани со мобилизацијата се исполнети“, додавајќи дека центрите за запишување во Москва биле затворени во текот на попладневните часови.

„Огласите за регрути кои се дистрибуираа за време на мобилизацијата до живеалиштата и работните места повеќе не важат“, се наведува во изјавата на Собјанин.

Тој не кажа колку жители на Москва биле мобилизирани за време на кампањата, која претседателот Владимир Путин ја објави на 21 септември.

Путин рече дека ќе бидат мобилизирани само Русите кои служеле во армијата и имаат борбено искуство. Сепак, забележани се бројни случаи кога мажи кои никогаш не служеле војска биле испратени на првата линија во Украина без никаква обука.