Украинските власти соопштија дека најмалку шест лица загинале во руските напади врз главниот град Киев и други региони во јужна и источна Украина.
Нападите дојдоа по една недела откако руски проектили убија најмалку 19 луѓе низ Украина во најтешкото бомбардирање во последните неколку месеци.
„На 17 октомври три лица беа убиени во Киев во напади на беспилотни летала“, изјави Кирило Тимошенко, кој е заменик на шефот на претседателскиот кабинет на Украина.
Претседателот Володимир Зеленски рече дека новите напади врз неговата земја нема да ги „скршат“ Украинците.
„Цела ноќ и цело утро, непријателот го тероризира цивилното население. Беспилотните летала и ракетите Камикази ја напаѓаат цела Украина. Непријателот може да ги нападне нашите градови, но нема да може да не разбие“, рече тој.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Украинските воздухопловни сили соопштија дека уништиле 37 од 43 дронови лансирани од руската војска. Русија во последниве недели сè почесто ги користи таканаречените самоубиствени дронови за да ги таргетира урбаните центри и инфраструктурата, вклучително и електричните постројки.