Специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, денеска во Белград ќе разговара со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Главни теми на средбата треба да бидат енергетиката, прашањето за регистарските таблички и продолжувањето на бриселскиот дијалог на највисоко ниво. Лајчак во петокот престојуваше во ненајавена посета на Приштина на двочасовна средба со премиерот на Косово Албин Курти.
Лајчак во ненајавена посета на Приштина
Вучиќ и Лајчак денеска ќе се сретнат за прв пат откако претседателот на Србија објави дека лидерите на Германија и Франција, Олаф Шолц и Емануел Макрон му понудиле предлог за Косово. Суштината на предлогот, според Вучиќ, е Србија, без формално признавање на независноста на Косово, да се согласи со влезот на Косово во сите меѓународни организации, вклучително и ОН, а за возврат да добие „брз влез во ЕУ и веројатно значителни економски придобивки“. Лајчак во петокот рече дека главните теми на неговата средба со Курти биле „патот кон нормализација на односите“, земајќи ја предвид „интервенцијата на Шолц и Макрон“, како и енергијата и регистарските таблички.