Експлозии во центарот на Киев, руските сили ги продолжуваат нападите

Киев

Украинскиот главен град Киев денеска повторно бил цел на руски напади. Неколку експлозии го потресоа централниот кварт Шевченковски во главниот град на Украина Киев во понеделникот наутро, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на апликацијата за пораки Телеграм, а сведоци на Ројтерс пријавија три експлозии. Областа Шевченковски беше погодена од неколку експлозии една недела претходно, на 10 октомври. Агенциите наведуваат дека Киев бил нападат со дронови-камиказе. Руските сили продолжуваат да ја гаѓаат цивилната инфраструктура во градовите и селата низ Украина, додека претседателот Володимир Зеленски рече дека украинските војници се бранат од повторените руски напади врз стратешкиот источен град Бахмут. Генералштабот на вооружените сили на Украина соопшти дека руските сили целат врз повеќе од 30 градови и села низ Украина и извршиле пет ракетни и 23 воздушни напади, како и до 60 ракетни напади во изминатите 24 часа.

Руски ракетен напад врз енергетски објект во Киев

Како одговор, украинските воздухопловни сили извршија 32 напади, погодувајќи 24 руски цели, се вели во соопштението. Административната зграда што ја користеа сепаратистите поддржани од Русија во градот Доњецк вчера беше оштетена во, како што рекоа сепаратистите поддржани од Русија, украинско гранатирање. РИА Новости и локалните медиуми, исто така, објавија дека три автомобили паркирани во близина изгореле. Киев веднаш не ја презеде одговорноста или не го коментираше нападот.