Белорусија ќе прими 9 илјади руски војници

Министерството за одбрана во Минск објави дека нешто помалку од 9.000 руски војници ќе бидат стационирани во Белорусија како дел од „регионалната групација“ на сили за кои тврди дека се потребни за заштита на нејзините граници.

„Во Белорусија почнаа да пристигнуваат првите трупи со руски војници кои се дел од (регионалната групација)“, напиша на Твитер шефот на Одделот за меѓународна воена соработка на Министерството за одбрана Валериј Ревенко.

Тој рече дека „распределеувањето ќе трае неколку дена“ и ќе вклучи „малку помалку од 9.000 луѓе“. Повеќе информации ќе бидат обезбедени на брифинг од воените аташеа, додаде тој.

Авториртативниот лидер на Белорусија Александар Лукашенко, минатата недела изјави дека дека неговите војници ќе се распоредат со руските сили во близина на украинската граница, за како што вели да се справат со заканите од Украина и од Западот, без при тоа да обезбеди докази за таквото тврдење.