Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи денеска му порача на бугарскиот историчар кој е дел од македонско- бугарската историска комисија да се занимава само со историја а не и со политика.
„Ангел Димитров не е политичар, туку е историчар им му препорачувам да се занимава со историја, а не со политика“, коментираше Османи.
До овој коментар доаѓа откако утринава беше објавено дека Димитров во ТВ интервју изјавил дека во моментов, Република Северна Македонија не се однесува како кандидат за членство во ЕУ.
„Самото потсетување на ЕУ до РСМ, иако со една фраза: дека мора да го почитуваат Договорот за добрососедство со Бугарија, ширум ја отвора вратата за нашите приговори и барања кон земјата,“ изјавил Димитров за ТВ „Бугарија Он еир“.
Министерот Османи нагласи дека еден од основните принципи на Договорот со Бугарија е овие две работи да бидат поделени – политиката на политичарите, а историјата на историчарите.
„Ангел Димиров очигледно покажува некоја политичка амбиција, но, уште еднаш да кажам да се концентрира на следниот состанок на историската комисија, да се подготвува, бидејќи има кој да зборува за политиката, рече Османи, по завршувањето на настанот на кој заедно со косовскиот амбасадор засадија 13 дрвја во знак на 13-годишнината од воспоставувањете на дипломатски односи меѓу двете земји.