Најмалку 11 загинати при вооружен напад во руска воена касарна

Илустрација

Најмалку 11 лица загинаа, а 15 беа ранети при вооружен напад на воен полигон во регионот Белгород во Русија. Станува збор за двајца напаѓачи кои отворија оган врз група доброволци, соопшти руското Министерство за одбрана.

Министерството соопшти дека двајцата напаѓачи доброволци пукале врз другите војници на полигонот каде што се обучува за стрелање руската војска.

Во соопштението на Министерството се наведува дека пукањето се случило додека доброволци биле обучени да се борат во Украина. Во него се вели дека двајца од војниците доброволци отвориле оган врз други војници за време на вежбање по што биле застрелани со возвратен оган.

Двајцата беа државјани на поранешна советска република, соопшти Министерството, но не даде други детали, пренесуваат новинските агенции Ројтерс и Асошитет Прес.