Американската влада најави нови и дополнителни испораки на оружје за Украина во вкупна вредност од 725 милиони долари. Пакетот вклучува дополнителни мобилни системи за лансирање ракети HIMARS, муниција, оклопни возила и медицински материјали, објави американскиот Стејт департмент и Пентагон.
Лукашенко: не ја туркајте нуклеарно вооружената Русија во ќош
Американскиот државен секретар Антони Блинкен вели дека помошта доаѓа „во пресрет на бруталните ракетни напади на Русија врз цивилите ширум Украина“ и „сè поголемиот доказ за злосторствата на руските сили“.
„Ќе продолжиме да стоиме со народот на Украина додека ја брани својата слобода и независност со извонредна храброст и безгранична решителност“, изјави тој Блинкен.
СЗО предупредува на претстојна „брутална“ зима во Украина
Со ова вкупната американска воена помош за Украина од почетокот на мандатот на претседателот Џо Бајден на повеќе од 18,3 милијарди долари. Поголемиот дел од помошта е обезбедена откако Русија ја започна својата непредизвикана војна против Украина на 24 февруари.