Генералниот совет на ДУИ денеска ќе оддржи избори на нови партиски функционери со што се очекува смирување на тензиите предизикани од таканаречената „Огнена Група“ која со писмо во јавноста неодамна побара смени на високи функционери во партијата. Партискиот централен совет треба да одбере нови потпретседатели и генерален секретар, кои ќе имаат мандат до следниот партиски конгрес. Состанокот на членовите на Централниот совет започнува од 13 часот.
Секој премиер со свој „омилен бизнис“
„Огнената група“ на 24 септември изрази незадоволство од актуелното партиско раководство, и побара реформи односно реорганизација и одговорност од вицепремиерот Артан Груби.
Османи: Јас сум мисионер, а не функционер
Во писмото, потпишано од 20-тина членови на ДУИ, меѓу кои и Изет Меџити, Муса Џафери, Висар Ганиу, Невзат Бејта, Блерим Беџети, Мерита Коџаџику, се бараше внатрепартиска дебата за да се надмине состојбата и беше упатен повик до лидерот на партијата Ахмети „да го искористи својот политички и статутарен авторитет за да се најде решение за зачувување на партиското единство“.
„Во ДУИ речиси две години не постојат и не се формираат статутарните партиски органи. Како последица на ова, политичкото одлучување стана индивидуална сопственост. Нема дебата и консултација со партиските бази. Кадровските избори се претворија во привилегија на поединецот Артан Груби“, се наведуваше меѓу другото во писмото.
Потписниците посочуваа дека „арогантното однесување на извршната власт на чело со Артан Груби, предизвикало незадоволство, револт и пасивност на структурите и на гласачите“.
Вчера во партиското седиште во Мала Речица се одржуваа средби на претседателството и ограноците. Партискиот портпарол Бујар Османи вчера изјави дека консултациите на членовите на претседателството со партиските ограноци била конструктивна.
„ Претседателот Ахмети правеше индивидуални средби овие денови меѓутоа веќе во два наврати средби со повеќе функционери од партијата со кои се разменуваа ставови, консулатации како утре да се донесат одлуките на Централниот совет. Мислам дека целата средба помина во најконструктуивна атмосфера во една атмосфера на соработка, на унифицираност на спремност на партијата за нови победи“, изјави Османи.
Новинската агенција МИА повикувајќи се на партиски извори пишува дека за потпреседатели на ДУИ се предложени Арбр Адеми, Бајрам Реџепи и Арбана Пашоли, актуелна пратеничка. За генерален секретар е преложен Фатон Ахмети, а Саранда Имери за првпат ќе се приклучи на потесното претседателство како секретар за родова еднаквост.