Пет лица загинаа кога вооружен маж отвори оган на пешачка патека во главниот град на Северна Каролина. Меѓу убиените има и еден полицаец кој не бил на должност.
По неколку часа бегство, напаѓачот е уапсен. Неговиот идентитет и возраст не се соопштуваат, се зборува само дека е малолетник белец.
Пукањето избувнало околу 17 часот во четвртокот покрај реката Нојс Ривер Гринвеј во станбена област североисточно од центарот на градот, изјави градоначалничката на Рали Мери-Ен Болдвин.
Две лица, меѓу кои и уште еден полицаец, се пренесени во болниците. Полицаецот подоцна бил ослободен, но другиот преживеан и понатаму е во критична состојба.
„Вечерва теророт дојде на нашиот праг. Кошмарот на секоја заедница дојде во Рали. Ова беше бесмислен, ужасен и безобразен чин на насилство“, изјави гувернерот Рој Купер.
- Две лица се убиени, четворица ранети во престрелка во Тексас
- Оружен напад во болница во Оклахома, пет мртви
Властите не понудија никакви детали за мотивот, но Болдвин му се придружи на Купер во осудата на насилството.
„Мораме да го запреме ова бесмислено насилство во Америка, мора да се справиме со насилството со оружје“, рече градоначалникот.
Пукањето во Рали е последно во една недела насилства низ САД.
Пет лица беа убиени во неделата во пукање во дом во Инман, Јужна Каролина. Во средата вечерта, двајца полицајци беа убиени во Конектикат, откако наводно биле нападнати од заседа на повик 911 за можно семејно насилство. Во четири други американски градови биле нападнати полицајци, а во два случаи во Лас Вегас и Гринвил биле убиени.