Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и нареди на владата во Анкара да започне работата во врска со изградбата на „гасен центар“ во Турција, објавија денеска турските медиуми. Изградбата треба да започне по предлог на рускиот претседател Владимир Путин за извоз на руски гас во Европа. „Заедно со Путин, дадовме наредба на нашето Министерство за енергетика и надлежната институција во Русија да извршат заедничка работа“, им изјави Ердоган на новинарите на враќање од Казахстан, каде што се сретна со рускиот претседател.
Кремљ: Путин и Ердоган не разговарале за конфликтот во Украина
На средбата со Ердоган во Астана, Путин предложи создавање гасен центар во Турција за испорака на руски гас во Европа. Тој рече дека рутата низ Турција се покажала како најсигурен начин за испорака на гас до Европската унија во време кога руските испораки во ЕУ биле погодени од санкции и по протекувањето на гасоводите Северен тек еден и два.