Амнести интернешенел соопшти дека најмалку 23 деца се меѓу стотиците луѓе убиени во Иран во широко распространетите протести предизвикани од минатомесечната смрт на една млада жена уапсена од полицијата за морал поради тоа како носела шамија. „Незаконските убиства на најмалку 23 деца од страна на иранските безбедносни сили фрлија дополнително светло на решеноста на властите да ги задушат широко распространетите, тековни протести, кои беа предизвикани од смртта во притвор на 22-годишната Махса Амини на 16 септември и прераснаа во, како што многумина во Иран велат, поширок бунт против естаблишментот на Исламската република“, се вели во соопштението на Амнести објавено на денеска.
Ирански лекари обвинија медицински службеник за прикривање на причината за смртта на Амини
23-те деца се меѓу најмалку 201 лице за кои се проценува дека биле убиени во протестите ширум земјата по смртта на Амини. Во соопштението, Амнести ги наведува имињата и околностите околу убиството на 23-те деца за време на 10-дневните протести минатиот месец. Се вели дека меѓу жртвите имало 20 момчиња на возраст меѓу 11 и 17 години и три девојчиња, од кои две биле на 16 и едно на 17 години. Повеќето од убиените беа застрелани од безбедносните сили, додека четворица од нив -- три девојчиња и едно момче -- беа смртно претепани. Десет од жртвите му припаѓале на иранското малцинство Балучи и биле застрелани од безбедносните сили на 30 септември, најсмртоносниот ден на репресијата, во Захедан, провинцијата Систан и Балучистан“, соопшти Амнести.
Учениците што протестираат Иран ги праќа во поправен камп
„Иранските безбедносни сили убија најмалку дваесетина деца во обид да го уништат духот на отпорот кај храбрата младина во земјата“, рече Хеба Мораеф од Амнести. Детската агенција на Обединетите нации, УНИЦЕФ, на 10 октомври соопшти дека е „екстремно загрижена“ поради извештаите за „деца и адолесценти кои се убиени, повредени и притворени“ во Иран.