Хрватската Влада на денешна седницата донесе одлука да донира вакцини против Ковид-19 во Северна Македонија и во земјите на кои им се најпотребни вакцини според проценката на механизмот КОВАКС.
Во Северна Македонија се донирани 87.750 дози од вакцината „Фајзер“, а 734.400 дози во државите според проценката на механизмот КОВАКС.
Во одлуката не е наведено во кои држави ќе одат вакцините преку КОВАКС, но според извештајот на Министерството за здравство испратен до хрватската влада на 5 октомври, евидентно е дека се работи за донација на вакцината „Фајзер“ за Мексико. Хрватска досега донираше 2.467.820 дози вакцини.
До крајот на годината, Хрватска билатерално ќе донира уште 45.000 дози вакцини Модерна и 135.360 дози вакцини „Фајзер“ во Тунис и 794.400 плус 31.200 дози вакцини Џонсон и Џонсон во друга земја преку механизмот КОВАКС.
КОВАКС е најголемата програма за размена на вакцини во светот против КОВИД-19 и се води под покровителство на Светската здравствена организација. Програмата е наменета за сиромашните земји и земјите во развој.