„Нашите пациенти не се мртви“: Овде се чуваат тела кои чекаат оживување

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Тела и глави на 199 луѓе и речиси 100 миленици се чуваат во специјални резервоари со течен азот во фондацијата „Алкор“ во Скотсдејл, Аризона. Оттаму не ветуваат и не гарантираат, но се надеваат дека пациентите, како што тие ги нарекуваат, еден ден ќе се вратат во живот благодарение на криопрезервација која се заснова на очекувања и надеж дека науката ќе биде доволно напредна за да го овозможи тоа.