НАТО ја поддржа Украина со системи за воздушна одбрана

Состанок на Контакт групата за одбрана на Украина за време на средбата на министрите за одбрана на НАТО во седиштето на Алијансата во Брисел, Белгија, 12 октомври 2022 година

Сојузниците на Украина најавија испорака на нова противвоздушна одбрана и поголема воена помош за Киев за да се заштити од руските ракетни напади низ целата земја. Русија два дена по ред изврши бранови ракетни напади врз неколку региони на Украина, бомбардирајќи повеќе градови, вклучувајќи го и Киев, како одмазда за експлозијата изминатиот викенд што го оштети единствениот мост меѓу анектираниот од Москва Крим и континентална Русија. Ветувањата од сојузниците вклучуваат и најава на Франција дека ќе испорача радарски и воздушни одбранбени системи на Украина во наредните недели.

НАТО - Украина „има импулс“ во војната против Русија

Канада соопшти дека ќе обезбеди артилериски гранати и зимска облека. Германија го испрати првиот од четирите планирани системи за воздушна одбрана IRIS-T SLM, додека Вашингтон рече дека ќе ја забрза испораката на ветениот систем за воздушна одбрана НАСАМС.

Остин - И покрај новите напади на Путин, украинските сили ја променија динамиката на војната

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин изјави дека најновите напади на Русија ја откриле нејзината „злоба и суровост“ откако ја нападна Украина и служат само за обединување на меѓународната заедница. Остин им рече на новинарите по состанокот на Контакт групата за одбрана на Украина во Брисел дека Украина го промени моментумот од септември со извонредни придобивки, но дека ќе и треба повеќе помош.