Оштетен е дел од таблата на која е испишано името на новоотворениот бугарски културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, потврди охридската полиција за МИА.
Оштетувањето на таблата било пријавено денеска во полиција, а екипа на охридската полиција врши увид за да го расветли случајот.
Во петокот на 7 октомври во Охрид, беше отворен бугарски културен клуб што го носи името на Цар Борис, кој во Втората светска војна бил на страната на нацистичка Германија и фашистичка Италија.
На денот на отворањето имаше протести против името на клубот, организиран од политичката партија Левица, а поддржан од ВМРО – ДПМНЕ. Отворањето на клубот со такво името, потоа беше оценето како провокација и осудено од власта и од други партии.
Претседателот на здружението „Цар Борис Трети“ Томе Блажевски, тогаш изјави дека Здружението било отворено пред една година запазувајќи ги сите законски процедури во државата.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5