Нови 28 позитивни на ковид, нема починати

Вакцинација против ковид.

Во последните 24 часа регистрирани се 28 нови случаи на ковид-19 од направени 278 тестови, соопшти Министерството за здравство. Од вкупниот број на позитивни (28), регистрирани се 7 реинфекции.

Најголем дел од новите случаи се во Скопје каде се регистрирани 24, потоа следуваат Велес со 2 и Куманово и Гевгелија по еден случај.

Регистрирани сe 39 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. А нема починати ниту од Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.462, бројот на оздравени пациенти е 333.611, на починати е 9.551 а бројот на активни случаи изнесува 300.