Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) реагира по последните изјави на премиерот Димитар Ковачевски за кратење на платите и на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за укинување на неделата како неработен ден. „Владата на која и се случува генерален штрајк во јавниот сектор кој се уште трае онаму каде што истата не ги зголемила платите, сега планира да штеди и да им ги намали платите на работниците, во услови на 18,7 проценти инфлација и до 100 проценти зголемени цени на основните прехранбени производи и на тој начин дополнително да ги осиромаши своите граѓани и работниците за дополнителни 10 проценти“, се наведува во соопштението на ССМ.
Владата донесе антикризни мерки, помош за социјалците, пензионерите, невработените
Според Синдикатот, владејачката партија СДСМ, односно Владата, не ги зголемила платите на работниците, а опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ги зголемила на локално ниво, нешто што го сториле и други „совесни градоначалници и други политички партии онаму каде што имаат функционери“.
Владата договара состаноци со контактите на Мицкоски за гас и мазут
„Од друга страна, опозицијата настапува полошо од Владата и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, како една од главните мерки за надминување на енергетската криза предлага работниците да работеле во недела оти имало вишоци на струја, а работодавачите да бирале сами друг ден во неделата за одмор, се потенцира во соопштението. Според ССМ, недозволиво е главните начини за излез од која било криза да бидат врз грбот на работниците.