Украина: истрагата на Русија за експлозијата на мостот кај Крим е „глупост“

Андриј Јусов

Висок украински претставник ја отфрли како „глупост“ руската истрага за експлозијата во минатиот викенд што тешко го оштети мостот што го поврзува руското копно со полуостровот Крим што Москва го анектираше. Рускиот претседател Владимир Путин ги обвини украинските безбедносни сили за експлозијата, а претходно денеска Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека привела пет Руси и тројца државјани на Украина и Ерменија поради експлозијата.

Во Русија уапсени осуммина за експлозијата на мостот кај Крим

„Целата активност на ФСБ и Истражниот комитет е бесмислица“, изјави претставникот на министерството за внатрешни работи, Андриј Јусов, на прашањето за наводите на Москва за експлозијата на мостот Крим. Јусов ги опиша ФСБ и Истражниот комитет како „лажни структури кои му служат на режимот на Путин“ и затоа нема да ги коментира нивните следни изјави.