Во Русија уапсени осуммина за експлозијата на мостот кај Крим

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека привела пет Руси и тројца државјани на Украина и Ерменија поради експлозијата што го оштети мостот Крим во минатата сабота. ФСБ соопшти дека експлозијата била организирана од Главната разузнавачка управа на украинското Министерство за одбрана и нејзиниот директор Кирило Буданов. Украина официјално не ја потврди својата вмешаност во експлозијата, но некои украински официјални лица ја поздравија акцијата. Експлозијата уништи еден дел од патниот мост, при што патниот сообраќај привремено беше запрен. Исто така, уништи неколку цистерни со гориво во возот кој се движеше кон анектираниот Крим.

Донев - Бугарија не учествувала во подготовката на експлозијата на мостот на Крим

Мостот, престижен проект што лично го отвори рускиот претседател Владимир Путин во 2018 година, стана логистички витален за неговата воена кампања, а преку него беа канализирани испораките за руските трупи кои се борат во јужна Украина. Руските сили извршија масовни ракетни напади врз украинските градови. На телевизискиот состанок на рускиот Совет за безбедност во понеделникот, Путин рече дека нападите се одмазда за експлозијата на мостот на Крим, која, според него, била организирана од тајните служби на Украина.