НАТО - Украина „има импулс“ во војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави дека „Украина има импулс“ во војната со Русија.

Тој повтори дека Алијансата го поддржува Киев.

Столтенберг на прес-конференција во Брисел на 11 октомври рече дека интензивното артилериско бомбардирање врз Украина во изминатите два дена е знак на „слабост“, бидејќи Русија не успева да постигне придобивки на бојното поле.

„Додека Русија сè повеќе прибегнува кон ужасни и неселективни напади врз цивили и критична инфраструктура, [рускиот] претседател [Владимир] Путин не успева во Украина“, рече тој за нападите, во кои загинаа најмалку 19 луѓе, за кои се смета дека се одмазда за експлозијата изминатиот викенд што го оштети единствениот мост меѓу анектираниот Крим и Русија.

Столтенберг додаде дека НАТО следната недела ќе ја одржи својата годишна вежба за нуклеарно одвраќање, бидејќи таа била планирана „одамна“.

Тој вели дека Алијансата внимателно ги следи руските нуклеарни сили.

„Не сме виделе никакви промени во ставот на Русија, но остануваме будни“, рече тој.