Донев - Бугарија не учествувала во подготовката на експлозијата на мостот на Крим

Оштетениот Керчки Мост кој ги поврзува Крим и Русија

Бугарија нема никакво соучесништво во подготовката на експлозијата на мостот на Крим, изјави техничкиот премиер Гулаб Донев, кој ја коментираше информацијата дека камионот што ја предизвика експлозијата на мостот, што ги поврзува Крим и Русија, излегол од Бугарија.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Донев прецизира дека уште во неделата вечерта, веднаш откако се појавиле информациите по медиумите, наредил да се направи проверка за да се утврди точната маршрута на камионот.

Тој испрати молба до локалните медиуми одговорно да известуваат за темата, бидејќи таа создава ризици за националната безбедност и вклучување на Бугарија во војната во Русија.

Пред три дена, експлозија и пожар го оштетија мостот кој го поврзува Крим со Русија. Руските власти соопштија дека експлозијата била предизвикана од камион-бомба и дека загинале три лица кои биле во автомобил во близина. Камионот наводно дошол од Бугарија.