Телефонски разговор Бајден-Зеленски, САД ветуваат континуирана поддршка

Американскиот претседател Џо Бајден

Американскиот претседател Џо Бајден вети континуирана поддршка за Киев по големиот бран смртоносни напади од руска страна. Тој рече дека Русија ќе одговара за, како што ги нарече, „нејзините воени злосторства и ѕверства“.

Во телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Бајден „ја изрази својата осуда за ракетните напади на Русија низ Украина, вклучително и во Киев, и им изрази сочувство на најблиските на загинатите и повредените во овие бесмислени напади“, соопшти Белата куќа во изјава на 10 октомври.

„Претседателот Бајден вети дека ќе продолжи да и ја дава на Украина потребната поддршка за да се одбрани, вклучително и напредни системи за воздушна одбрана“, соопшти Белата куќа.

Ви руските напади на украинската инфраструктура и станбени области насочени кон големите градови, вклучително и Киев, загинаа најмалку 19 луѓе, а 105 беа ранети, според украинското Министерство за вонредни состојби.

Русија лансираше 83 проектили кон Украина, од кои повеќе од 43 беа соборени, соопшти Киев.

За време на разговорот со Бајден, истакнав дека противвоздушната одбрана е „приоритет број 1 во нашата одбранбена соработка“, соопшти Зеленски на Телеграм.

По последната ескалација во руската неиспровоцирана војна во Украина, лидерите на Групата седум најразвиени земји (Г7) планираат да одржат видео-повик со Зеленски подоцна на 11 октомври.