Шест часа без струја ќе останат 12 илјади потрошувачи од Дебарскиот крај

Свеќа.

Жителите на целото дебарско подрачје утре ќе останат без струја во периодот од 09:15 до 15 часот, информира државниот производител на струја Електрани на Северна Македонија ( ЕСМ). Дебарското подрачје на корисници на струја, ги опфаќа општините Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, кое во целина опфаќа повеќе од дванаесет илјади потрошувачи.

Прекинот е поради редовните годишни планирани активности за испитување на трансформаторите во хидроелектраната „Шпилје“ кај Дебар.

Пред грејната сезона и во услови на енергетска криза, како дел од планот за производство на електрична енергија во државата, се подготвуваат капацитетите што произведуваат струја, се врши неопходниот ремонт и се испитуваат трансформатори.

Хидроцентралите произведуваат струја во зависност од тоа колку вода има. Производството во сушните години е драстично помало. Во 2010 година на пример биле произведени максимални 2200 GWh, а во 2017 година минимални 816 GWh, односно разлика од 2,5 пати. Во хидроцентралите, и државни и приватни, лани се произведени 1454 GWh.