Владата анализира дали летното сметање на времето ќе донесе заштеда на струја

Илустрација

До крајот на месецов Владата ќе одлучи дали ќе се премине кон зимското сметање на времето или ќе остане летното сметање.

Министерството за економија веќе анализира дали евентуално продолжување на летното сметање на времето ќе даде дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.

Ова денеска го изјави министерот Крешник Бектеши кој рече дека анализите би требало да бидат готови до крајот на неделава.

„Анализите се прават и најверојатно до крајот на неделата ќе бидат подготвени по што одлуката треба да се донесе до крајот на месецот согласно законот“, изјави Бектеши. “ , ијзави министерот за економија Бектеши.

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека е повеќе за да остане летното сметање на времето, но одлуката, вели, сепак ќе се базира на анализите.

„Во моментот повеќе сме за оставање на летното сметање на времето, но да ги видиме сите детални анализи и потоа ќе донесеме одлука“, рече Ковачевски.

ЕП одобри предлог за укинување на летно и зимско сметање на времето

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пак, продолжување на летното сметање на времето, нема да донесе голема заштеда и тоа не е вистинско решение.

„Не мислам дека ќе смени повеќе од два до три проценти од вкупната слика. Тоа не е доволно“, одговори Мицкоски.

Владата вчера го задолжи Министерството за економија да ги разгледа можностите околу евентуалното продолжување на примената на летното сметање на времето, со цел дополнителни заштеди во општата потрошувачка на електрична енергија.

Зимското сметање на времето почнува од последниот викенд во октомври со што стрелките на часовникот се поместуваат за еден час назад.