Екс шефот на американската ФЕД Бернанке меѓу тројцата добитници на Нобеловата награда за економија

Бен Бернанке

Група од тројца американски економисти, вклучувајќи го и поранешниот шеф на американската централна банка ФЕД, Бен Бернанке, ја добија Нобеловата награда за економија за 2022 година за нивното истражување за банките и финансиските кризи. Кралската шведска академија на науките денеска соопшти дека Бернанке, Даглас Дајмонд и Филип Дибвиг ја добиле наградата за истражување кое „значително го подобри разбирањето за улогата на банките во економијата, особено за време на финансиски кризи. Увидите на лауреатите ја подобрија нашата способност да избегнеме и сериозни кризи и скапи спасувачки пакети“, изјави Торе Елингсен, претседател на Комитетот за наградата за економски науки.

Швеѓанецот Сванте Паабо ја доби Нобеловата награда за медицина за 2022 година

Бернанке сега е во Институтот Брукингс во Вашингтон, Дијамонд е професор на Универзитетот во Чикаго, додека Дибвиг е професор на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис, Мисури. Наградата за економија не е една од оригиналните пет награди создадени во тестаментот на индустријалецот и пронаоѓач на динамит Алфред Нобел од 1895 година.Основана е од шведската централна банка и првпат доделена во 1969 година.