Дански остров во близина на Северен тек во необјаснет прекин на струја

Борнхолм

Необјаснет прекин на струја погоди остров во Данска во близина на локацијата каде што имаше наводен „саботажен“ напад на гасоводите „Северен тек“. Електричниот оператор „Енерџинет“ денеска соопшти дека ја истражува причината за прекинот на островот Борнхолм, кој можеби бил предизвикан од проблем поврзан со подводен кабел. До прекинот доаѓа две недели откако беа откриени четири големи истекувања на гас во гасоводот „Северен тек“ во близина на Борнхолм.

Шведската истрага за излевањата од „Северен тек“ ги зајакнуваат сомнежите за саботажа

На овие гасоводи, кои ја поврзуваат Русија со Германија, имало подводни детонации најверојатно поради „саботажа“. Западот ги насочи своите сомнежи кон Русија, која е во енергетска војна со Европа поради потезите за изолација на Москва поради нејзината инвазија врз Украина. Кремљ отфрли каква било одговорност за протекувањето и за возврат го обвини Западот дека ги саботира гасоводите.