Лансирањето проектили на Северна Кореја во последните недели беа тестови на тактичко нуклеарно оружје и способност да „погоди и уништи“ потенцијални јужнокорејски и американски цели, објави севернокорејската државна новинска агенција КЦНА, наведувајќи дека симулациите на тактички нуклеарни напади беа лично надгледувани од шефот на државата Ким Џонг Ун. „Единиците на Корејската народна армија задолжени за употреба на тактичко нуклеарно оружје организираа воени вежби од 25 септември до 9 октомври за тестирање на способностите за нуклеарно одвраќање и контранапад на земјата“, соопшти КЦНА.
Седмо лансирање на ракети од Северна Кореја за две недели
Агенцијата објави дека овие тестови се одговор на неодамнешните заеднички американско-јужнокорејски маневри во регионот, оценувајќи дека таквото однесување на САД и Јужна Кореја дополнително ги влошува тензиите во регионот и во исто време претставува отворена воена закана“ за Северна Кореа. Северна Кореја ги смета заедничките американско-јужнокорејски вежби за потенцијална закана и вежба за инвазија, иако САД и Јужна Кореја постојано велат дека тие се од одбранбена природа.
Јужна Кореја и САД истрелаа четири ракети како одговор на ракетите на Пјонгјанг
Во време кога разговорите за нуклеарното разоружување на Северна Кореја одамна се во застој, Пјонгјанг го зголеми бројот на тестови на оружје од почетокот на годината. Северна Кореја минатата недела истрела балистичка ракета над Јапонија, за прв пат по пет години. Многу експерти проценуваат дека Северна Кореја ги завршува подготовките за нова нуклеарна проба, која би била седма во нејзината историја и прва од 2017 година.