Северна Кореја истрела уште две балистички ракети, што е седмо лансирање регистрирано во изминатите две недели.
Два балистички проектили паднале во Јапонското Море на 9 октомври, соопшти војската на Јужна Кореја. Началникот на Здружениот Генералштаб на Сеул во соопштение лансирањето го нарече „сериозна провокација“.
Јапонската крајбрежна стража соопшти дека проектилите паднале надвор од јапонската ексклузивна економска зона, а висок претставник на одбраната рече дека една, а може и двете ракети биле лансирани од подморница.
Лансирањето дојде неколку часа откако американските и јужнокорејските сили спроведоа заеднички поморски маневар на кој имаше носач на авиони на нуклеарен погон.
Националната управа за развој на воздухопловството на Северна Кореја на 8 октомври ги оправда неодамнешните лансирања на проектили, велејќи дека тоа се мерки за самоодбрана против Соединетите Американски Држави (САД).
Пјонгјанг рече дека лансирањето не претставува закана за соседите на земјата.
На 4 октомври, Северна Кореја истрела балистичка ракета над Јапонија за прв пат по пет години.
САД и Јапонија заеднички го осудија тоа лансирање.