По повод денешното најавено отворање на новото здружение на граѓани во Охрид, како и јавните повици за изразување протест против него, Министерството за надворешни работи упати апел до сите граѓани, политички и неполитички групации за зрело и достоинствено однесување, втемелено врз почитта кон правото на сите граѓани, без разлика на својата етничка припадност, да ја остваруваат својата уставно загарантирана слобода на здружување и за слободно изразување на својот став. Министерството ги замолува сите чинители да се воздржат од обиди за злоупотреба на своите права и слободи, особено да избегнуваат употреба на провокации и негирање на правата и слободите на другите.
ЕУ за бугарските културни центри-Не се занимаваме со историја
Деновиве на протест во Охрид повика Левица поради отворање на клуб под името „Цар Борис Трети“. Партијата преку својот охридски огранок поднесе иницијатива за забрана на ова бугарско здружение кое го носи името на соработникот на Хитлер во Втората светска војна Цар Борис Трети.
Мицкоски повика на масовен протест против бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера изјави дека неговата партија го поддржува протестот: „Во Охрид треба да се протестира, но да биде тоа демократски израз на волјата на граѓаните, а не насилен протест, зашто во спротивно повторно ќе печалат оние што ја доведоа Македонија во оваа ситуација, а тоа се СДСМ и ДУИ. Го подржуваме протестот и повикуваме да се излезе и да се протестира на мирен начин. Битно е да не се отргне вниманието од кризата и инфлацијата“, изјави тој.