ЕСМ обезбеди гас за да има парно две недели од октомври

Парно греење

Грејната сезона ќе започне на 15 октомври, а ЕСМ има обезбедено гас за две недели од октомври, информираа од ЕСМ.

„На почетокот на грејната сезона системот ќе работи на природен гас, осносно обезбеден е гас од „Макпетрол“ до крајот на октомври по цена од 1713 евра за 1000 нормални метри кубен гас. За до крајот на грејната сезона концептот на греење, односно енергенсот, ќе се определи во зависнот од тоа дали и во каков режим ќе работи гасната електрана ТЕ – ТО, која како нуспроизвод од производството на електрична енергија испорачува топлина во системот за парно греење во Скопје“, информира компанијата.

Двете топлани кои АД ЕСМ ги има под закуп, имаат технички опции за различни погонски енергенси. Алтернатива ако нема гас, е топланите да работат на мазут.

ЕСМ неодамна ја доби лиценцата за да ги снабдува скопјани со парно, откако таа пред неколку месеци му беше одземена на БЕГ, поради проблеми во набавката на гас, а со тоа и во испораката на греење измината сезона.