Опозицијата во Република Српска на протест поради „изборна кражба“

Бања Лука, Босна и Херцеговина, затворање на гласачките кутии

Претставниците на опозициските партии во Република Српска за денеска најавија мирен протестен марш во Бања Лука поради, како што наведоа, изборна кражба на општите избори одржани во неделата. „Сакаме на мирен начин да покажеме дека не се согласуваме со изборна кражба и менување на изборната волја на граѓаните“, рече претседателот на Партијата на Демократски напредок (ПДП), Бранислав Бореновиќ. Претставниците на опозицијата најавија дека бараат од Централната изборна комисија на БиХ повторно да ги преброи гласовите во цела Република Српска за претседател на Република Српска, Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ и Националното собрание на РС.

И Додик и Тривиќ прогласија победа во претседателската трка во Република Српска

„Сосема е јасно дека ова е прекршување на изборната волја, особено на изборите за претседател на РС. Има 35.000 неважечки ливчиња, повеќе од 20.000 гласови се во корист на кандидатот на СНСД Милорад Додик во Добој, Зворник и Приједор, на десетици избирачки места каде нашата кандидатка Јелена Тривиќ има нула гласови, што е целосно нереално“, рече Бореновиќ. Според него, „изборната кражба е огромна“: од 70 илјади до 100 илјади гласови.