Изјавата на началникот на ГШ на Армијата за повторно служење војска, е обид за отворање дебата, изјави претседателот на државата и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски. Во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, Пендаровски рече дека е добро тоа што во изјавата на началникот на ГШ тој вели „ако така решат политичките фактори“. Пендаровски појасни дека во овој момент шест земји членки на НАТО имаат задолжителен воен рок, а во уште неколку се отвораат вакви дебати.
Пендаровски: Државниот врв не разгледувал враќање на задолжителниот воен рок
„Не мислам дека е грев да разговараме за тоа. Мојот став е дека таа дебата е одамна решена во корист на професионални армии, наспроти Армија на регрути“, рече Пендаровски. Во врска со консензусот за уставните промени, Пендаровски уште еднаш повтори дека не се согласува со форсирање на ова прашање.