Иранските безбедносни сили се судрија со студенти на универзитет во главниот град Техеран во последните протести во Иран поврзани со смртта на млада жена во притвор. Махса Амини, почина на 16 септември, откако со денови била држена во притвор од полицијата за морал, бидејќи наводно ја носела премногу лабаво шамијата. Од нејзината смрт, Иран забележа редок излив на постојан јавен гнев, поттикнат во голем дел од Иранки. Видеата објавени на социјалните мрежи на 2 октомври го покажаа Универзитетот Шариф, традиционално жариште на несогласувања, опкружен со десетици полицајци. На едно од видеата се гледа како безбедносните сили пукаат со солзавец за да ги избркаат студентите од кампусот. Иранските државни медиуми јавија „за судири“ на универзитетот и наведоа дека министерот за наука на земјата го посетил кампусот за да ја провери ситуацијата.
Растат анти-владините протести во Иран поради смртта на притворената жена
На бројни универзитети на 2 октомври беа одржани демонстрации, при што учесниците извикуваа „независност, слобода, смрт на Хамнеи“, покажаа претходните објави на социјалните мрежи. „Иран за човекови права“, група со седиште во Норвешка, во соопшти дека „досега биле убиени 133 луѓе низ Иран“, вклучително и повеќе од 40 лица, кои загинале во судирите минатата недела во Захедан, главен град на југоисточната провинција Систан-Балучистан.