Утринските температури во целата држава се над нулата, а топло е и на планинските предели, соопштија денеска од УХМР.
За денеска предвидуваат сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а во источните делови и долж Повардарието засилен северен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 26 степени, а во Скопје до 24 степени.
Локални врнежи од дожд ќе има утре, а потоа следува период на стабилно време со умерен, повремено засилен ветер од северен и северозападен правец, најавуваат од УХМР.
Оттаму информираат дека во изминатите 24 часа, до 8 часот денеска, најмногу дожд наврна во Маврово 31 литар на м2.