Рускиот претседател Владимир Путин и шефовите на четири украински региони назначени од Москва ги потпишаа таканаречените договори за пристапување, со што овие региони стануваат дел од Русија, спротивно на меѓународното право.
По говорот во Салата на Свети Ѓорѓи во Кремљ, на Путин му се придружија челниците кои Москва ги назначи во Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон и ги потпишаа договорите за анексија.
Видете и ова: Кремљ: секој напад врз анектираната територија ќе биде напад врз РусијаОфицијалната церемонија на потпишување беше проследена со аплауз од стотина челници од Кремљ, кои присуствуваа на настанот, извикувајќи „Русија, Русија“.
Пред потпишувањето, Путин одржа говор во кој рече дека луѓето направиле „избор на референдумите“.
„Тоа е волјата на милиони луѓе“, рече тој.
Церемонија доаѓа три дена по завршувањето на референдумите оркестрирани од Кремљ за приклучување кон Русија, кои беа отфрлени од Киев и од Западот како сурова кражба на земја, одржани под закана со оружје и засновани на лаги.
Ова е сериозна ескалација по седуммесечните судири во Украина.
Четирите региони – Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје се делумно окупирани од Русија.
„Русија има четири нови региони“, рече рускиот претседател.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Тој рече дека сака сите во Киев и на Западот да слушнат дека оние кои живеат во регионот Донбас засекогаш ќе станат руски граѓани.
„Луѓето кои живеат во Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје стануваат наши сонародници засекогаш“, рече тој.
„Тие избраа и Русија нема да ги предаде. Ќе ја браниме нашата земја со сите средства што ги поседуваме. Ова е голема ослободителна мисија на нашата нација“, рече Путин.
Во обраќањето, тој рече дека луѓето биле отргнати од својата татковина кога се распаднал Советскиот Сојуз, и додека дека целта на Русија не е да го поврати СССР.
Пред самото потпишување на анексијата, Кремљ соопшти дека нападите на териториите кои ги анектира ќе ги смета за агресија против Русија.
Видете и ова: Западот подготвува нови санкции врз Русија поради ескалација на војнатаНа Црвениот плоштад, каде што требаше да се одржи концерт по церемонијата за потпишување е поставена бина со големи видео екрани на кои пишува „Доњецк, Луганск, Запорожје, Херсон – Русија!“.
Путин рано утринава ја призна независноста на украинските региони Херсон и Запорожје. Сличен потег тој повлече и пред почетокот на инвазијата на Украина во февруари, кога ја призна независноста на Доњецк и Луганск.
Овие четири украински региони овозможуваат клучен копнен коридор меѓу Русија и Кримскиот Полуостров, кој Москва незаконски го анектираше во 2014 година. Тие пет региони заедно се околу 20 отсто од територијата на Украина.
Украинскиот претседател, чии сили во последните недели покренаа успешна контраофанзива со која вратија дел од териториите, вети силен одговор на тој потег и ги свика шефовите на одбраната и безбедноста на итен состанок.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен рече дека руската анексија на четирите украински региони е незаконска и дека окупираната земја ќе остане дел од Украина.
„Илегалната анексија која ја прогласи Путин нема ништо да промени“, напиша таа на Твитер.
„Сите подрачја кои руските освојувачи незаконски ги окупираа се украинска земја и секогаш ќе бидат дел од оваа суверена нација“, додаде Фон дер Лајен.
На почетокот на својот говор, Путин рече дека распадот на Советскиот Сојуз бил трагедија што се случила кога лидерите на Комунистичката партија одлучиле да го распуштат Советскиот Сојуз без да ги прашаат обичните луѓе.