Новото руско истражување на јавното мислење покажува дека популарноста на претседателот Владимир Путин паднала и Русите се чувствуваат „анксиозно, исплашено, ужасно“ откако во минатата недела беше најавена делумна воена мобилизација. Центарот Левада во истражувањето објавено на 29 септември соопшти дека бројот на Руси кои мислат дека она што Кремљ го нарекува „специјална воена операција во Украина“ се одвива „според планот“ се намалил од 73 насто во мај на 53 насто во септември.
Збогум со солзи и верски благослови додека Русите тргнуваат во војна против Украина
Во анкетата учествувале околу 1.631 испитаник од 50 региони на Русија. Вкупно 47 проценти од испитаниците рекле дека се вознемирени, исплашени или ужаснати од одлуката на владата да одреди делумна мобилизација, додека 23 насто рекле дека се шокирани од потегот. Други 13 проценти рекле дека се лути и огорчени од мобилизацијата. Околу 23 насто рекле дека се чувствуваат горди на Русија. Вкупно 66 проценти рекле дека очекуваат делумната мобилизација да биде проследена со целосна мобилизација. На почетокот на руската инвазија кон крајот на февруари, 28 насто од Русите изјавија дека очекуваат мобилизација на целата земја. Речиси една третина од Русите сметаат дека специјалната воена операција во Украина е неуспешна.