Германскиот пратеник за Западен Балкан на средба со Вучиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ и специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан Мануел Сарацин

Специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан Мануел Сарацин, денеска во Белград ќе се сретне со претседателот на Србија Александар Вучиќ, соопшти Претседателството на Србија. Сарацин беше во Белград во средината на септември кога со Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ разговараше за ситуацијата во регионот, ноемврискиот самит на Берлинскиот процес и воспоставувањето заеднички регионален пазар.

Билчик: Планот за консултации меѓу Русија и Србија е удар за процесот на пристапување во ЕУ на Западен Балкан

Германскиот пратеник доаѓа во Белград по Тирана, каде што разговараше со министерката за надворешни работи на Албанија Олта Џачка за евроинтеграциите и самитот на Берлинскиот процес.