Русија вели дека санкциите ја спречуваат да го одржува гасоводот за Турција и Балканот

Турскиот претседател Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин се ракуваат додека присуствуваат на церемонијата по повод завршувањето на морскиот дел од гасоводот Турски тек, во Истанбул, 19 ноември 2018 година

Рускиот оператор на гасоводот што ги снабдува Турција и Балканот со природен гас соопшти дека ќе прекине некои работи за одржување и поправка, наведувајќи ги санкциите на Европската унија, потег што се заканува да ја продлабочи енергетската криза во Европа. Олег Аксјутин, директорот на South Stream Transport. South Stream Transport е холандска единица на гигантот за природен гас Газпром, контролиран од Кремљ, кој управува со гасоводот Турски тек што минува под Црното Море од Русија до Турција и кон Балканот и Централна Европа. Во писмото, чиј примерок доби РСЕ, Аксјутин им наредил „да го суспендираат извршувањето на сите договори поврзани со техничката поддршка на гасоводот, вклучувајќи проектирање, производство, монтажа, тестирање, поправка, одржување и обука.“ Тој вели дека извозот на гас треба да продолжи, но само со итна поддршка за да се спречи оштетување на животната средина.

Бектеши – И да запре рускиот гас, влијанието за Македонија ќе биде скоро нула

Дејан Калајџиев, шефот на договорите, им порача на вработените во писмото што исто така го доби РСЕ да ги информира западните добавувачи на стоки и услуги -- како што се контролните вентили, техничката поддршка, телекомуникациите за одржување на цевководи и поправка на цевководи - дека договорите ќе бидат суспендирани од 16 септември. South Stream Transport аплицираше за нова лиценца, но не знае дали ќе ја добие, изјави извор од компанијата за РСЕ. Холандските и турските власти не одговорија веднаш на барањето за коментар. Турски тек има капацитет да испорача 31,5 милијарди кубни метри природен гас годишно, а половина од него е наменет за Турција, а другата половина за Балканот и Централна Европа. Србија и Унгарија се главните европски потрошувачи.