Ураганот Ијан предизвика поплави во Флорида

Последици од ураганот Ијан во сојузната американска држава Флорида.

Повеќе од два и пол милиони домови и бизниси во Флорида се без струја, а градовите остануваат потопени откако ураганот Ијан стигна до четврта категоријата.

Гувернерот на Флорина изјави дека поплава предизвикана од ураган од вакви размери се случува еднаш во 500 години.

По првиот поглед на уништувањето, гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, рече дека одневремто биле „потопени и навистина уништени“ крајбрежниот град Форт Мајерс и соседниот Кејп Корал.

Тој рече дека има „две непотврдени жртви“ од ураганот.

Националниот центар за урагани (НХЦ) денеска го намали рејтингот на Ијан на тропска бура, но посочи дека ќе предизвикува „катастрофални поплави“ и прогнозираше понатамошни поплави „опасни по живот“, високи бранови и силни ветрови во централна и источна Флорида, како и во Џорџија и Јужна Каролина.

Исто така, како што објави Би-Би-Си, се очекува Ијан да биде надграден во ураган од четврта категорија, откако утре повторно ќе стигне на копно.

Американската гранична патрола соопшти дека брод со мигранти потонал во морето за време на ураганот, а 20 лица се водат како исчезнати.

Четворица Кубанци пливаа на брегот во Флорида Кис, а крајбрежната стража спаси уште тројца.

Американскиот претседател Џо Бајден прогласи „голема катастрофа“ на Флорида, потег со кој се ослободуваат федерални средства за помош од невремето.

Де Сантис предупреди дека големи делови од Флорида и натаму остануваат под закана.

„Количината на вода што расте, а ќе продолжи и денеска додека помина невремето, всушност е поплава од 500 години“, рече тој на прес-конференција.

Ураганот претходно го погоди крајниот запад на Куба, оставајќи ја целата островска држава без струја и уби две лица. Околу 2,5 милиони луѓе на југозападниот брег на Флорида добија наредба да се евакуираат.