Финска од петок ги затвора своите граници за руските туристи. Таа е последната земја-членка на ЕУ која граничи со Русија што донесе ваква одлука.
Претходно овој месец, Полска, Естонија, Летонија и Литванија исто така ги затворија своите граници за руските туристи.
Но, на Русите сепак ќе им биде дозволено да ги посетуваат семејствата или да работат и да студираат во Финска, изјави министерот за надворешни работи на земјата.
Одлуката доаѓа откако бројот на Руси кои пристигнуваат на границата се зголеми, откако претседателот Владимир Путин повика 300.000 воени резервисти.
На граничните премини има редици луѓе кои се обидуваат да избегаат, вклучително и на безвизната граница на Русија со Грузија.
Финска, која дели 1.300 километри граница со Русија и бара виза за влез, исто така пријави зголемување на бројот на луѓе кои се обидуваат да ја преминат границата, по објавувањето на делумната мобилизација.
Финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто на денешна прес-конференција рече дека наредбата за мобилизација има „значително влијание“ врз неговата одлука.
„Одлуката има за цел целосно да ја спречи моменталната ситуација на рускиот туризам во Финска и поврзаниот транзит низ Финска“, рече тој.
Овој потег стапува на сила на полноќ и исто така им забранува влез и на Русите со шенген туристички визи.
Хаависто рече дека протокот на Руси се смета за закана за меѓународните односи на Финска.
На почетокот на овој месец, Европската унија одлучи да го поскапи и отежни процесот на издавање визи за руските граѓани спреку суспендирање на визниот договор меѓу ЕУ и Русија.
Повеќе од еден милион Руси отпатувале во земјите на ЕУ од почетокот на инвазијата врз Украина во февруари.
Во посебен потег, четири земји од ЕУ кои се граничат со Русија: Полска, Естонија, Латвија и Литванија, воведоа нови ограничувања и почнаа да ги одвраќаат руските туристи.
Норвешка има кратка граница со Русија, но не е земја членка на ЕУ. Сепак, земјата е вклучена во Шенген зоната за патување, што значи слободно движење меѓу шенген-зоните без гранични контроли.