Во Црна Гора е во тек потрага по руски шпиони

илустрација

Во Подгорица се водат истраги по барање на Специјалното обвинителство за кривично дело шпионажа, потврди за Радио Слободна Европа специјалниот обвинител Вукас Радоњиќ. „По барање на Специјалното државно обвинителство, а по наредба на Вишиот суд во Подгорица, полицијата врши претрес на станови и други простории на повеќе граѓани, поради постоење основано сомнение дека се сторени кривичните дела создавање криминална организација и шпионажа. Досега никој не е лишен од слобода“, изјави портпаролот Радоњиќ.

САД: Русија потрошила над 300 милиони долари за тајно влијание врз светската политика

Премиерот во технички мандат Дритан Абазовиќ на седницата на Владата ја поздрави акцијата на Специјалното државно обвинителство: „Тоа е меѓународна акција што се спроведува со нашите партнери и која има за цел да ги зачува националните интереси на Црна Гора. Претходно „Вијести“ од Подгорица, повикувајќи се на податоци на Националната агенција за безбедност (АНБ), објави дека во Подгорица се уапсени неколку црногорски државјани под сомнение дека работеле за руската разузнавачка служба. „Според податоците на АНБ, едно од уапсените работи за руската служба повеќе од една деценија и е дел од поширока група чии членови познати на АНБ. Наводно се работи за вработен во државната администрација“. „Вијести, повикувајќи се на неименуван извор додаде дека акцијата на АНБ и Специјалното обвинителство е „само почеток на активностите за откривање соработници на странски разузнавачки служби“.