Шведската крајбрежна стража денеска извести за четврто истекување гас во Балтичкото Море над гасоводот Северен тек. Сега има „две истекувања на шведска и две на данска страна“, изјави претставник на шведската крајбрежна стража. Тој додаде дека двете протекувања на шведска страна се „блиску едно до друго“. Досега властите на двете земји пријавиле едно истекување гас на шведска и две на данска страна. Европа оцени дека тоа е „саботажа“, а Москва го отфрли ова тврдење како „глупаво и апсурдно“. Гасоводите Северен тек 1 и 2 во моментов не работат, но во цевките има гас.
Рекордно истекување на природен гас во Балтичкото Море
Сеизмолозите од Шведска и Данска соопштија дека снимиле силни експлозии во областа, поради што шведската полиција започна истрага за можна саботажа. Инцидентот предизвика пораст на цените на природниот гас во Европа. Советот за безбедност на ОН ќе се состане на 30 септември за да разговара за инцидентот.