Руските ракетни напади врз вториот украински град Харкив во текот на ноќта погодија железничка станица и предизвикаа прекина на струјата вокај повеќе од 18.000 домаќинства, соопштија денеска украинските власти. Гувернерот на Харкив Олех Синехубов изјави дека руските сили истрелале ракети С-300, дизајнирани како противвоздушно оружје, но сега често се пренаменети да ја погодат цивилната инфраструктура во украинските градови. Нема информации за жртви. Тешките борби продолжуваат и во регионот Керсон, соопшти британското Министерство за одбрана во дневниот разузнавачки билтен.
Руската мобилизација може да ја забави, но не и да ја запре украинската офанзива
Министерството соопшти дека руските воени сили во областа, лоцирана на десниот брег на реката Дњепар, и понатаму се ранливи на украинските напади. Британското разузнавање, исто така, соопшти дека Русија ги користи своите сили за да продолжи да напредува во близина на Бахмут во Донбас и покрај тоа што се соочува со силен притисок врз нејзините северни и јужни крила. Последните борби дојдоа кога американските власти соопштија дека Вашингтон подготвува нов пакет оружје за Украина во вредност од 1,1 милијарди долари, кој ќе биде објавен наскоро.