Можната саботажа врз гасоводите „Северен тек“ не претставува напад врз Шведска, изјави денеска министерката за надворешни работи Ана Линде. „Ова не е напад против Шведска, бидејќи тоа не е на наша територија. Тоа е меѓународен инцидент“, рече Линде, наведувајќи дека американскиот секретар Ентони Блинкен понудил поддршка за да се открие што се случило и оти и генералниот секретар на ЕУ и на НАТО Јенс Столтенберг биле информирани.
Данска и Русија не исклучуваат саботажа на гасоводите Северен тек еден и два
Данска и Шведска вчера објавија дека големите протекувања на двата цевководи на Северен тек во Балтичкото Море биле предизвикани од намерни акти на саботажа извршени во ексклузивните економски зони на двете земји. Експлозиите сепак биле надвор од шведските или данските територијални води, наведоа двете земји.