Иранците веќе 12 последователни ноќи се на протести поради смртта на Махса Амини и покрај зголемениот број жртви и жестоката акција на безбедносните сили. Протестите продолжија во различни градови, вклучително и Техеран, Табриз, Карај, Ком, Јазд откако 22 годишната Амини почина додека беше во притвор на полицијата за морал поради наводно неправилно носење хиџаб.
Иранскиот претседател вети истрага по смртта на приведената жена
Сцени на кои се гледаат улични судири со обезбедувањето се објавени на социјалните мрежи, но активистите велат дека прекинот на интернетот го отежнува споделувањето видеа. Полуофицијалната новинска агенција Фарс соопшти дека „околу 60“ луѓе биле убиени досега, за разлика од 41 пријавени на 24 септември, но групата „Иран за човекови права“ вели дека најмалку 76 лица се убиени. Официјални лица соопштија дека биле извршени повеќе од 1.200 апсења низ целата земја, вклучително и на активисти, адвокати и новинари.
Иран формира специјални судови за демонстрантите и ги отфрла критиките на ЕУ
Меѓу уапсените е и ќерката на поранешниот претседател Акбар Хашеми Рафсанџани за поттикнување протести, објави новинската агенција Тасним. Неколку ирански универзитетски професори им се приклучија на студентските протести со одбивање да учествуваат на часовите или со оставка.