Официјални лица поддржани од Русија во четири региони каде што се одржаа таканаречените референдуми за приклучување кон Руската Федерација во последните пет дена велат дека гласачите со големо мнозинство ја поддржале анексијата. Изборните службеници инсталирани од Русија во Запорожје, Луганск, Доњецк и Керсон, го објавија очекуваниот исход по вчерашното затворање на гласачките места. Денис Пушилин, сепаратистички лидер во Доњецк, поддржан од Москва, според руската државна новинска агенција РИА Новости, рекол: „Сите го сакавме ова многу долго време“.
Што ќе се случува по таканаречените референдуми во Украина?
Таканаречените референдуми во областите под контрола на Русија во регионите започнаа на 23 септември. Тие беа отфрлени од Украина, западните влади и Обединетите нации бидејќи се нелегални според меѓународното право. Валентина Матвиенко, претседателка на Горниот дом на рускиот парламент, рече дека претседателот Владимир Путин треба да се обрати пред парламентот за референдумите на 30 септември и додаде дека пратениците би можеле да го разгледаат законодавството за анексија на 4 октомври.
ЕУ планира да воведе санкции врз организаторите на „незаконските“ референдуми во Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Украина ќе ги „брани“ граѓаните во регионите каде што се гласаше и на други места. Тој оцени дека „фарсата“ на окупираната територија на Украина „не може ни да се нарече имитација на референдуми“. Во видео порака претходно до Обединетите нации, Зеленски најави дека Украина нема да може да преговара со Русија по гласањето.