Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска изјави дека ќе има леб, брашно, млеко и зејтин.
„Обезбедуваме доволно храна за сите граѓани“, истакна Николовски на прес-конференција.
Тој информираше и дека за млекопроизводителите се обезбедени уште 140 милиони денари поддршка, покрај основните и дополнителните субвенции. Поддршката е за литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во домашни капацитети од 1 октомври минатата година до 30 септември годинава.
„Мерката е итна и многу брзо ќе се реализира. Целта е намалување на трошоците и загубите на мелкорпозводителите кои се јавија со последните поскапувања на репроматеријалите и сточната храна поради кризата“, потенцира министерот.
Парите, како што додаде, се предвидени во Интервентниот фонд, а се обезбедени со ребалансот на Буџетот.