Европската унија планира да го следи примерот на Британија и да воведе санкции за организаторите на „нелегалните, нелегитимни референдуми“ што властите наметнати од Русија ги спроведуваат во четири региони на Украина кои се барем делумно контролирани од Москва.
„Би имало последици за сите луѓе кои учествуваат на нелегалните, нелегитимни референдуми“, изјави денеска Петер Стано, портпарол на високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
Последен ден од гласањето наметнато од Русија за анексија во делови на Украина
Денеска е петтиот и последен ден од гласањето на референдумите, на кои многумина западните влади ги нарекоа „лажни“ референдуми. Гласањето во регионите Луганск, Доњецк, Керсон и Запорожје се одржува во екот на најголемиот конфликт во Европа од крајот на Втората светска војна.
Британија со нови 92 санкции за руски фунционери
Вчера Британија објави нови санкции како одговор на референдумите, нарекувајќи ги „јасно кршење на меѓународното право, вклучително и повелбата на ОН“. Новите санкции погодија многу високи руски функционери вклучени во спроведувањето на гласањето.