Русија протера јапонски дипломат поради обвинение за шпионажа

илустрација

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека привела и наредила протерување на јапонски дипломат во источниот град Владивосток поради сомневање за шпионажа, откако конзулот, наводно, побарал „ограничени“ информации. Се наведува дека дипломатот бил фатен како прима информации за економските ефекти од западните санкции, во замена за „парична награда“. „Јапонски дипломат беше приведен на дело додека добиваше, во замена за финансиска награда, ограничени информации за соработката на Русија со друга земја во азиско-пацифичкиот регион“, се вели во соопштението на ФСБ. Дипломатот беше именуван од руски официјални лица како Мотоки Тацунори конзул со седиште во Владивосток.

Британија со нови 92 санкции за руски фунционери

Министерството за надворешни работи соопшти дека Тацунори бил прогласен за персона нон грата и добил 48 часа да ја напушти Русија. Токио упати протест во врска со протерувањето на јапонскиот дипломат. Обвинението и протерувањето доаѓаат откако јапонскиот премиер Фумио Кишида се приклучи на меѓународните санкции, вклучително и замрзнувањето на имотот на Русија поради нејзината неиспровоцирана инвазија врз Украина, која започна кон крајот на февруари.